• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
сабота, 25 март 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

Писателот Исмаил Кадаре од Албанија во Тетово го доби признанието за почесен граѓанин

25/11/2022
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Општина Тетово денеска ја организираше свеченоста на која на писателот Исмаил Кадаре од Албанија му беше доделено признанието за почесен граѓанин.  На свеченоста со пригодни говори се обратија  добитникот на признанието писателот Исмаил Кадаре, градоначалникот Биљал Касами и претседателот на Советот Бесар Дурмиши,

86 годишниот писател за прв пат доаѓа во Тетово, но рече дека го чувствува за посебен град.

-Тешко ми е да зборувам пред оваа публика, пред Тетово. И до сега сум добивал многу признанија ама ова е многу посебно бидејќи го добивам од Тетово најпзонатиот илиро-албански град на светот.  Добро ми е што слушам добри зборови од читателите на Тетово, преку моите дела имам слушнато добри зборови,а сега имам прилика да се сретнам со нив. Прв пат доаѓам во Тетово. Верувам дека и понатаму ќе комуницираме преку моите дела и преку Вашите зборови што ги имате, истакна Исмаил Кадаре обраќајќи се на свеченоста.

Советот на Општина Тетово оваа одлука ја донесе на седницата на 28 октомври.

-На манифестацијта се повикани сите советници, претставници на училишта, организации и други.  Горд сум што сите советници, без разлика на позиција или опозиција или етничка припадност гласале за овој писател најголемот писател од Албанија со светско реноме Исмаил Кадаре.  Има напишано многу книги што се преведени на многу други јазици. Книгите се напишани за светски суштини и насоки. Нас ние многу голема чест што за почесен граѓанин го имаме писателот Исмаил Кадаре, изјави претседателот на Советот, Бесар Дурмиши.

По приемот на признанието писателот ги потпишуваше своите дела.

ас

Поврзани објави

Вести

Активности на СВР Тетово за градење доверба кон локалната заедница 

25/03/2023
Вести

Се одржа прво литургиско празнување на Свети Кирил Лешочки

25/03/2023
Вести

Повеќе активности во „Неделата на екологијата“ на Општина Брвеницаа

24/03/2023
Вести

На наплатна рампа кај Тетово приведени две лица кај кои се најдени 35 килограми дрога

24/03/2023
Вести

При контрола за прекршоци што ги чинат возачите во зона на крстосници изречени 37 мерки

24/03/2023
Инфо компас

Прекин во напојување со електрична енергија на 24 март

24/03/2023
Следна објава

Двајца тетовчани, Македон Димитровски и Нина Костовска, добитници на признанието „Успешни млади за 2021“ од македонскиот претседател Стево Пендаровски

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.