• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
сабота, 25 март 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

Писателот Веле Коцески ја издаде книгата „Тетовски мајтаплуци“

18/02/2023
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

„Тетовски мајтаплуци“ е најновото книжевно дело на тетовскиот писател Веле Коцески. Авторот вели дека книгата е публикација за заштита на анегдотите на многу генерации од Тетово во форма на народни мудрости што содржат вонвременски општочовечки вредносни норми.

-„Виновник“ за ова издание е Драган Јовановски-Љампе, тој ми кажа неколку убави вака догодовштини и јас ги запишав. Така континуирано може 50 години ги собирам, имам и некои тетовски изреки.  Насловната страница е благодарејќи на покојниот академски сликар Александар В.Настески кој ми дозволи да ја користам неговата слика за тетовската населбна Два бреста. Благодарност и до Владо Кочовски и Даниела Петровска за помошта при издавањето на книгата, изјави авторот Веле Коцески.

Досега Коцески има објавено три стихозбирки за деца, две бајки за деца, раскази за деца „Рустикални раскази“, романот Оскар (1997), новелата Срна (2015). Во 2011 ја напиша монодрамата „Чуекот со две имиња“ на тетовски дијалект.

-Следно имам за издавање книга со афоризми и книга со современа поезија со наслов „Под мој терк“ очекувам рецензија и да ја отпечатам, многу ми е голема желба тоа да излезе од печат, вели Коцески.

Коцески е роден 1950 година, основно училиште завршил во Тетово, додека средно графичко училиште и Филозофски факултет во Скопје.

ас

Поврзани објави

Вести

Повеќе активности во „Неделата на екологијата“ на Општина Брвеницаа

24/03/2023
Вести

На наплатна рампа кај Тетово приведени две лица кај кои се најдени 35 килограми дрога

24/03/2023
Вести

При контрола за прекршоци што ги чинат возачите во зона на крстосници изречени 37 мерки

24/03/2023
Инфо компас

Прекин во напојување со електрична енергија на 24 март

24/03/2023
Вести

Повреден 41 годишник поради каснување од куче на улица „Илинденска“ во Тетово

24/03/2023
Вести

Се подготува комедијата „Вај-Фај“- втора премиера на Драмското студио Тетово за годинава

24/03/2023
Следна објава

Каратистите од клубот Басаи освоија осум медали во осум различни возрасни категори на меѓународен турнир во Белград

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.