Законските измените во областа на игри на среќа, за Движење Антикоцкање не биле доволни, па сега бараат целосно затворање на објектите.
– Ние од Движењето Антикоцкање ќе продолжиме и во иднина да се ангажираме се до искоренување на овој лош порок, и натаму ќе водиме битка за заштита од класичниот грабеж кој се врши над граѓанинот до нивно целосно затворање. Свесни сме дека овој закон не го решава проблемот во целина како што бара Движењето Антикоцкање за благосостојба на граѓанинот. Сметаме дека тоа е еден добар почеток за борба против оваа негативна појава, за прв пат се спомнува дистанца која значително ќе влијае на заштитата на нашите деца и на нашите семејства. Останува да се види како ќе се применува и до каде е сериозноста на овие промени, изјави Џемал Абдиу од Движење Антикоцкање.
Според нив малиот број на гласови со кои се изгласаа измените во законот е показател дека нешто не функционира.
-Тоа покажува дека овие објекти не паднале од небо, тоа е јасен показател дека моќните олигарси се создадени од тие кои мислевме дека треба да не бранат потврдувајќи го епитетот дека ние сме коцкарска држава. Ние сме против секаков вид на коцкање, било да е тоа физичко или онлајн. Благодарение до вас пратеничка група на ДУИ, СДСМ и А. А, со вашиот глас ни дадовте нов дух и покажавте како не треба да бидеме жртви на интересите на незаситните олигарси. До сите вас кои сè уште се двоумите, ве повикуваме да ги оставите политичките несогласувања, позиционирајте се во однос на доброто и лошото бидејќи тоа му дава ориентација и вредност на нашиот живот, посочи Џемал Абдиу.
Досега Движење Антикоцкање не го критикуваше онлајн приредувањето игри на среќа.
– Ние никогаш не би сакале и нема да дозволиме едно коцкање да се промени или замени со друго коцкање. Така што ние до максимум ќе се потрудиме и ќе ги демаскираме сите овие што мислат дека ова коцкање и да се злоупотреби овој закон што е донесен сега со некое друго коцкање. Крајна цел е затворање на сите објекти на игри на среќа. На почетокот едно и единствено барање ние беше да бидат 3 километри надвор од населено места. После убиството што се случи и после затворањето на таквите објекти во земјите од регионот и ние од тогаш бараме затворање на сите објекти сè додека не се донесе нов закон, но закон што ќе ја брани благосостојбата на народот, рече Абдиу.
Објектите да бидат оддалечени 500 метри основните и средните училиштата, предвидуваат законските измени. Една година е периодот кога треба да се спроведе, доколу указот го потпише претседателот Пендаровски.
А.С