• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
четврток, 1 јуни 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

Почина академскиот сликар и уметник Александар В. Настески

Погребот е утре, петок во 13 часот. 

19/01/2023
во Вести, Инфо компас
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Во Тетово денеска на 75 годишна возраст почина Александар В. Настески, академски сликар и уметник. Роден е 1948 во гостиварско Зубовце. Педагошка академија завршил во Скопје во 1968 година, додека Академија  за применета уметност во Белград (Р.Србија) во 1977 година.  Член  на Друштвото на ликовни уметници на Македонија од 1977 како и на Здружение на ликовни уметници од Тетово, а учествувал на заедничките изложби на двете друштва.

Во странство учествувал на меѓународни изложби во Париз, Кањ сур мер во Франција и во Капо ди Понте во Италија. Учествувал на Меѓународниот Симпозиум за карпеста уметност Валкамоника во Капо ди Понте- Италија во 2011 год. со свој труд и своја изложба а во 2013 со свој труд, додека во 2018 год. е учесник на Конгресот на Интернационална Федерација за Карпеста Уметност со свој труд.

Настески минатата 2022 година по повод Денот на ослободувањето на Тетово доби Признание 19 ноември за животно дело во областа во областа на уметноста.  Во 2021 година со пригодна изложба со своите дела во Уметничката Галерија во Тетово, одбележа 50 години ликовно творештво.

Од изложбата по повод 50 години ликовно творештво во 2021
Од изложбата по повод 50 години ликовно творештво во 2021

Тетовскиот академски уметник прва самостојна изложба имал во Уметничката Галерија во Тетово во 1971 година, две години по завршувањето на Педагошката академија во Скопје. Погребот е утре, петок во 13 часот.

 

Поврзани објави

Инфо компас

Леар Тетово, лидер во автомобилската индустрија, вработува: Оператори во производство

01/06/2023
Вести

Дваесетгодишен јубилеј на манифестацијата „Фолклорни средби Брвеница игра и пее“

01/06/2023
Вести

По втор пат означен почетокот на изградбата на автопатот Тетово-Гостивар, почнаа геомеханичките испитувања на почвата

01/06/2023
Вести

Кај Групчин две лица потешко повредени и тројца луѓе со телесни повреди по излетување на возило

01/06/2023
Инфо компас

Планирани прекини во напојување со електрична енергија на 1 јуни

01/06/2023
Вести

ЖФК Љуботен од Тетово првак во женското фудбалско првенство

31/05/2023
Следна објава

Во Глоѓи 16 годишниот Мартин Јаковски го фати осветениот крст

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Don`t copy text!