Средното општинско училиште Гимназија „Кирил Пејчиновиќ“ соопшти дека почина професорот Никола Лочев.
-Со особена жалост денеска се простуваме од, нашиот драг колега во пензија, професорот Никола Лочев. Неговата неуморна и беспрекорна работа остави неизбришлив печат врз нашата гимназија образовајќи цела армија на успешни млади луѓе. Неговата големина како човек, педагог, професор, неговите лекции, совети и искуства и понатаму ќе бидат непресушен извор за нашата работа. Нека Ви е светол патот. Почивајте во мир, се вели во последниот поздрав од колективот на СОУГ ,,Кирил Пејчиновиќ”.