Од вчера се пензионираше Марјан Јосифоски портпарол на Секторот за внатрешни работи Тетово. На оваа работно место Јосифоски беше од 2008 година, кога МВР за прв пат воведе официјални портпароли во осумте регионалните Сектори за внатрешни работи. Така тој е еден од основноположниците на полициското портпаролство и прв портпартол на СВР Тетово.
Изминатите речиси 17 години на оваа специфична работна позиција Јосифоски вели дека поминале во бројни предизвици.
„Станува збор за мошне динамична но воедно и многу одговорна професија. Воедно, една специфична професија и позиција, по многу нешта како резултат на специфичностите што го карактеризираат подрачјето кое го покрива СВР Тетово како што се секојдневната динамика, голема флуктуација на луѓе и стоки, подрачје разнолико по етничка, верска, политичка, социјална и друга основа. Се тоа требаше да се усогласи, да се биде точен во информациите, да не се биде брзоплет, навреме да се одговори и со тоа да се исполнат очекувањата на јавноста за точни и професионалнби информации. Во последно време поради голема брзина на пласирањето на информации преку новите социјални медиуми беше предизвик и обврска плус да се биде уште побрз во работата, а особено за да се пресретнат можни шпекулации, изјави Марјан Јосифоски.
До 2008 година, според вокацијата, Марјан Јосифоски работеше како новинар во Радио Гостивар и Телевизија Кисс Тетово, како и други пишани медиуми. Јосифоски потекнува од прекрасното Никифорово во Мавровскиот крај.