Гимназија „Кирил Пејчиновиќ“ -Тетово информираше дека почина нивен поранешен колега, професорот д-р Миле Србиновски.
„Со особена жалост денеска се простуваме од, нашиот поранешен колега, професорот проф. д-р Миле Србиновски. Неговата неуморна работа како професор и педагог остави голема трага во работењето на нашата гимназија.Нека Ви е светол патот. Почивајте во мир! Последен поздрав од колективот на СОУГ ,,Кирил Пејчиновиќ”, информираше Гимназија „Кирил Пејчиновиќ“ Тетово