Општина Тетово информира дека почина Шаќир Алити, прв градоначалник на Тетово по осамостојувањето на Македонија. Тој бил градоначалник од 1991 до 1997 година.
„Алити даде драгоцен придонес во политичките, економските и општествените процеси во Тетово. Како градоначалник на општина Тетово одигра суштинска улога во консолидацијата на локалната демократија. Во име на граѓаните на општина Тетово и во мое име, на семејството Алити му изразувам најдлабоко и најискрено сочувство“, напиша актуелниот градоначалник Биљал Касами на Фејсбук, пренесува канцеларијата за односи со јавноста.
Шаќир Алити бил дел од Партијата за демократски просперитет (ПДП) под раководство на Невзат Халили во 1991 година. Починал во родното село Глоѓи на 83 години.
ас
фото Општина Тетово