Полициски службеници на СВР Тетово вчера (28 март) од 12 до 17 часот на тетовско-гостиварското подрачје спровеле акциска контрола, во чие средиште била техничката исправност на возилата на јавните комунални претпријатија.
При контролата биле откриени и санкционирани вкупно 11 прекршоци, од кои 3 поради неисправни сопирачки (ГВ), 6 поради истечена регистрација (ТЕ-4 и ГВ-2) и 2 поради неисправност на други уреди во возилата. Констатирани и санкционирани се и 7 прекршоци кои се однесувале на бесправно управување на возилата, управување со впишана забрана или неносење на возачка дозвола (ТЕ-3 и ГВ-4).
Технички неисправните се исклучени од сообраќај, а на прекршителите ќе им бидат изготвени предвидените поднесоци. Санкционирани, исто така, биле и 5 погрешно паркирани возила (ТЕ) кои биле подигнати од „пајак-службата“, како и 8 (ТЕ) други видови сообраќајни прекршоци.
Секторот за внатрешни работи Тетово уште еднаш со апел до сите учесници во сообраќајот редовно да ја проверуваат техничката исправност на нивните возила, да ги управуваат само лица кои поседуваат соодветни возачки дозволи и навреме да ги регистрираат возилата. Вакви контроли ќе продолжат и во наредниот период во функција на поголем ред и сообраќајна безбедност на подрачјето на СВР Тетово.