Од вчера почна да се реконструира улицата „Гоце Делчев“ од улица „Иво Лола Рибар“ до црквата Свети Никола во Тетово.
„Станува збор за делница од 300 метри која ќе се асфалтира како прва фаза од тендерот со вкупна вредност 4.258.747 денари. Во втора фаза е објавена јавна набавка за стружење и асфалтирање на патот од црквата до раздвојување на патот за Селце и Кале кој е многу оштетен, додека наредната година се планира и трета фаза до Тетовското Кале“, информираат од Општина Тетово.