Тешко повредени се двајца малолетници откако излетале со возило со кое се превезувале денес околу 14 часот на локалниот пат Стримница-Челопек.
![Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово](https://tetovoinfo.mk/wp-content/uploads/2023/04/2023-04-08_14-07-34-623.jpg)
„Во СВР Тетово е пријавено дека патничко моторно возило „смарт“ со тетовски регистарски ознаки управувано од малолетник од Челопек излетало од коловоз. Во несреќата, возачот и сопатникот во возилото, исто така, малолетник од Стримница се здобиле со тешки телесни повреди констатирани во тетовската Клиничка болница, информира Марјан Јосифоски, порпарол на СВР Тетово.
На местото на несреќата увид извршила екипа од Секторот за внатрешни работи Тетово.
За два дена е ова втора сообраќајна незгода во која малолетници управувале возило и се повредени поради излетување.
Две деца од Доброште повредени откако излетале со четирицикл од пат во нива