• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
сабота, 25 март 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

Почнува Велигденскиот пост, трае 40 дена

26/02/2023
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Од утре започнува Великиот Велигденски пост. Според типикот пропишан од Света Православна Црква, Велигденските пости кои се востановени во чест а најголемиот празник Воскресение Христово се постат на следен начин од понеделник до петок на вода, строг пост додека сабота и недела е благословено употреба на масло и вино. Ублажување на постот е допуштено уште во неколку денови односно на  9 и 22 март како и риба за празниците Благовештение и Цветници.

Денеска на 26.02.2023 година, во Сиропусната недела, во соборниот храм Пресвета Богородица-Гостивар, беше отслужена света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Тетовско-гостиварски  г.Јосиф.

Во својата беседа за Сиропусната недела и почеток на Великиот пост митрополитот г.Јосиф меѓудругото нагласи: Својата беседа ќе ја започнам со извадок од словото за сиропусната недела од светиот отец наш Климент, архиепископ Охридски Чудотворец:

-„Ете, се наближија деновите на Чесниот пост, во којшто сакаме да ги спасиме своите души. Само да ги оставиме лошите дела, лукавите помисли, и сѐ што сме згрешиле во текот на годината, или во блуд, или во лага, или во клевета, или во пијанство, или во кое било лошо дело, сите нив сега на ѓаволот да му ги префрлиме, да појдеме во светиот храм и со топли солзи да си спомнеме пред Бога за своите гревови, за кои ќе одговараме во страшниот ден, кога сите ќе застанеме пред Господа Бога. Да Му се молиме на Бога со чисто срце, и гнев да не држиме против своите непријатели”

Владиката во беседата потоа посочи : Денес браќа и сестри повторно се отвора вратата на четириесетдневниот велигденски пост, кој за нашата душа претставува предвесник на духовната пролет, овенчана со различни благопријатни и добродетелни мириси. Како што на доаѓањето на пролетта се радува целата од Бога создадена природа, така и на доаѓањето на постот се радува целата наша душа, зашто од денес таа ќе се украсува со милоста и љубовта, со простувањето и покајанието, како што и Спасителот Христос ни порачува во Евангелието.

Без овие добродетели, нашиот пост и не може да се нарече вистински пост, туку само едно обично и празно лицемерие, кое нема да донесе никаков плод.Сега, кога настапува Великиот пост, потребно е со очистени срца од секакво зло, да се поучиме од зборовите на Господа: „Aко им ги простите на луѓето гревовите нивни и вам ќе ви ги прости вашиот Отец небесен; aко, пак, не им ги простите гревовите на луѓето, и вашиот Отец нема да ви ги прости вашите”.

Нека Господ Бог биде нашиот сопатник во деновите кои ни претстојат за достојно да го дочекаме светлото Христово воскресение. Амин, истакна владиката.

Велигденскиот пост има свои посебни подготвителни недели. Постојат четири подготвителни недели (седмици) пред Великиот постот, а тие се: Неделата на митарот и фарисејот (за смирението), Неделата на блудниот син, Недела месопусна и Недела сиропусна.

 

 

Поврзани објави

Вести

Повеќе активности во „Неделата на екологијата“ на Општина Брвеницаа

24/03/2023
Вести

На наплатна рампа кај Тетово приведени две лица кај кои се најдени 35 килограми дрога

24/03/2023
Вести

При контрола за прекршоци што ги чинат возачите во зона на крстосници изречени 37 мерки

24/03/2023
Инфо компас

Прекин во напојување со електрична енергија на 24 март

24/03/2023
Вести

Повреден 41 годишник поради каснување од куче на улица „Илинденска“ во Тетово

24/03/2023
Вести

Се подготува комедијата „Вај-Фај“- втора премиера на Драмското студио Тетово за годинава

24/03/2023
Следна објава

Тетовскиот свештеник Синиша Ристовски на македонски јазик сослужуваше во црква во Витлеем, родното место на Исус Христос

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.