Од печат излезе најновата стихозбирка „Плетенка“ на тетовската поетеса Славица Дабевска Ќировска. Ова е петта нејзина книга со песни и стихови, а веќе има објавено и два романи.
-Стихозбирката е поделена во три циклуси: Мирис на роза, Фрески од роза и Раскрилени рози. Во ова дело пишувам за поривот на страдни души. Збирката е во конкуренција за избор на годинешната награда на женско писмо „Даница Ручегај“, ни изјави поетесата Славица Дабевска Ќировска.
Славица Дабевска Ќировска досега ги има објавени стихозбирките на современа поезија: „Булки покрај пругата“ (2011) „Венчаница“( 2012) „Душа која грее“(2012) ,,Само ѕвездите знаат“(2013). Авторка е и на два романи „Зелениот Капут-роман(2016) и „Срна“ (2022). Таа е преведувачка од албански на македонски јазик на стихозбирката „Во Тетово врне дожд“, а воедно и промотор и рецензент.
Досегашното поетско умеење е претставено на многубројни литературни портали, за што зборуваат бројни дипломи и зборници во кој е застапена.
Добитник е на: Златен печат- Велики Поповац, Втора награда- Дервента, Трета награда Црњански-Београд, Трета награда – Велика Плана, Специјална награда Сија Мајка Ангелина- Раковица, Втора награда – Раковица, Втора награда, Пловдив -Бугарија, Прва награда – Подгорица, за најдобра песна на,, Денот на липите,, -ДПМ
Творечка енергија ја насочува во создавање уметнички дела, па покрај пишување искажува и во музиката и во сликањето. Знаењето и умеењето го посветува во воспитува и образование на своите децата како педагог во образовниот систем во Македонија. Член да Друштвото на писатели на Македонија.
Воведен дел од стихозбирката Плетенка
ШТО ДЕН БЕШЕ!
Што ден беше, жено, развесели го милувањето на моето срамежливо осамнување. Во себе задржи го небото и душата на тоа небо.
Моите стапалки оставаат траги. Ми голткаат спомени, а во души ту ладно, ту жешко. Полека се разидувам се денот. Допира тивкиот глас до мене. И одеднаш сфаќам дека не можам да го загнездам во себе, зошто животот забрзано брои само моменти и солзи.
Ќе си помолчам, иако имам многу да кажам, молкот нека ми зборува и трепетот од зеленото око. Трепка… посјајно од сите небесни тела на ѕвездениот свод. Тоа убаво око прелистува, прочистена мисла. Убаво е, ништо поубаво не постои на овој свет. А, како и да не биде убаво кога во ноќите без сон се создава душа бесмртна, вдахновена.
Еве и ноќва молчам и ги гледам ѕвездите како немо се договараат каде да тргнат. Недобројани тие ѕвезди беа, кога чекав, кога ме чекаше, да дотрчаме на закажаното место. Среќна бев кога од магмата на мислите извлекував зборови и распостилав љубов сред ѕвездено небо.
Што ден беше, што устата занеме сред љубовен молвеж. Очите застаклија небере обвисија. Што ден беше, кога се е молкум околу мене. Животот мина во трагање.
Но, не ветувам дека ќе ги сопрам солзите кои извираат, но знам дека ќе наталожат радости за идни времиња. Ако видам дека молчењето причинува задоволство, нема да наговорам да зборувате, заедно ќе молчиме. Ќе бидам тивка како ѕвезда во соѕвездието.
Желбите ми станаа мали и со леснотија остварливи. Ластарно ја допирам мислата, како седефен божур во кристална вазна која се приви во моето мало гнездо. Почнаа ѕвездите да се разредуваат, спуштам клепеки и го внесувам живото во мене. Наскоро ќе завиори алово, ново утро!