• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
сабота, 25 март 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

Покрај од училишта, Движење Антикоцкање и понатаму бара оддалечување на игрите на среќа од градинки, универзитети и верски објекти

09/02/2023
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Движењето Антикоцкање ја поздрави одлуката на Владата за предлог законот со кој се предвидува оддалечување на објекти со игри на среќа 500 метри од училишта, но велат дека нивните барања остануваат непроменети и за други вид објекти.  Тие на прес-конференција потсетија дека и понатаму остануваат на нивните барања-дислокација на објектите за игри на среќа на три километри од населените места. Имаат и забелешки за предлог законот на Владата.

– Некои работи почнаа да се движат од нулта точка. Но со овој предлог закон се овозможува казината и обложувалниците да се доближат до универзитетите. Во предлог закон не е споменато оддалечување од универзитетите. Се прашуваме каде останаа градинките, каде останаа јавните институции. Ова барање е пред седум години, два амандмани дадовме, едно време се согласија, да нема игри на среќа и пред верски објекти, центарот на градот, градинки и сите други институции, ние повторуваме дека треба да се внесат и тие објекти. Да не се дозволи и на тие објекти да им се приближат, истакна Џемал Абдиу од Движењето Антикоцкање.

Од Движењето Антикоцкање порачаа дека државата и институциите се тие кои не треба да дозволат да има нелегално коцкање и обложување доколку има затворање на објекти како што алармираат од асоцијацијата на приредувачи и здруженијата на вработени во игри за среќа.

-Прв пат ние да сме на иста бранова должина со нив, но со дијаметрално спротивни ставови.Тие незадоволни, ние незадоволни, меѓутоа ние на граѓаните им викаме и ги учиме дека животот не е коцка, не се работи за 10 илјади вработени, туку за стотина илјади невработени и затоа е мал проблем бидејќи бараме како во Косово и Албанија. Истите ќе бидат преместени на други работни места, вели Џемал Абдиу

-За тоа има закони и држава. Но ние истото ќе го прашаме зарем сега нема сива економија. Истото сме го прашале и поранешниот премиер, знаеме дека има, секој ден се среќаваме со такви потфати што држава треба да се грижи. Државата треба да размисли, тоа спаѓа во закана за држава, како може да има сива економија, кога функционира државата. Ако е „сива државата“ тогаш може да функционира и сивата економија и казината и спортските обложувалници, рече Јуши Емурлаи.

Од Движењето потсетија дека пред седум години предложиле и да има ткн. зелени зони надвор од населените места каде ќе функционираат објектите на игри на среќа.

ас

Поврзани објави

Вести

Се одржа прво литургиско празнување на Свети Кирил Лешочки

25/03/2023
Вести

Повеќе активности во „Неделата на екологијата“ на Општина Брвеницаа

24/03/2023
Вести

На наплатна рампа кај Тетово приведени две лица кај кои се најдени 35 килограми дрога

24/03/2023
Вести

При контрола за прекршоци што ги чинат возачите во зона на крстосници изречени 37 мерки

24/03/2023
Инфо компас

Прекин во напојување со електрична енергија на 24 март

24/03/2023
Вести

Повреден 41 годишник поради каснување од куче на улица „Илинденска“ во Тетово

24/03/2023
Следна објава

Акциска контрола за санкционирање на прекршоците што ги прават пешаци

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.