• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
сабота, 25 март 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

Полицајци ги едуцираат основците за правилно управување електричен тротинет                

10/10/2022
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Преку новиот превентивно-едукативен проект „Сообраќајна култура и младите во сообраќајот”  полициски службеници од СВР Тетово на посебни часови ќе ги запознаат највозрасните основци од деветто одделение со сообраќајните знаци, како правилно да се движат по патишта и улици на кои нема обликувани тротоари, како безбедно да управуваат електрични тротинети, а ќе бидат информирани и за законските импликации за непостапување според важечките сообраќајни правила и прописи.

Покрај ова, на деветтодделенците ќе им бидат презентирани и други информации поврзани со основните сообраќајни поими и начини на однесување како мотоциклисти, пешаци и слично.

-Со проектот ќе бидат опфатени ученици во деветто одделение во над 60 основни училишта на тетовско-гостиварското подрачје, а кои следат настава на македонски, албански и турски јазик. Целта на проектот е подигнување на нивото на сообраќајна култура на младите во функција на подобрување на вкупната безбедност на патиштата и улиците во поширокиот Полошки регион, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

Предавањата од стручно обучени полициски службеници започнаа денеска, а ќе се одвиваат овој и наредните два месеци, колку се планира да трае проектот

 

Поврзани објави

Вести

Активности на СВР Тетово за градење доверба кон локалната заедница 

25/03/2023
Вести

Се одржа прво литургиско празнување на Свети Кирил Лешочки

25/03/2023
Вести

Повеќе активности во „Неделата на екологијата“ на Општина Брвеницаа

24/03/2023
Вести

На наплатна рампа кај Тетово приведени две лица кај кои се најдени 35 килограми дрога

24/03/2023
Вести

При контрола за прекршоци што ги чинат возачите во зона на крстосници изречени 37 мерки

24/03/2023
Инфо компас

Прекин во напојување со електрична енергија на 24 март

24/03/2023
Следна објава

Во СВР Тетово вчера пријавени четири физички напади

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.