Временските услови причина да се прекине вчерашното традиционално 42. мајско искачување до Титов Врв на Шар Планина во организација на планинарскиот клуб Љуботен од Тетово. Тоа се направи кај пределот Вакуф до каде стигнаа над 200 планинари во зимска опрема кои некој час претходно тргнаа од Попова Шапка кон највисокиот врв на Шар Планина.
„Ова утро беше поинакво од сите други, нè разбуди силниот дожд на Попова Шапка. И покрај обилните врнежи, екипата од ПК Љуботен во 6 часот подготвена ги чекаше гостите кои пристигаа пред платото на хотелот Попова Шапка. Сите надежни чекавме да ни се разведри и да тргнеме кон Титов Врв. После половина час, дождот запре и водичите одлучија искачувањето да започне. Околу 200 планинари и вљубеници во природата тргнавме кон Титов Врв, но некаде во пределот на Вакуф, дождот се засили и на наша огромна жалост одлуката беше донесена, турата да се прекине. Сакаме да искажеме огромна благодарност до сите учесници за разбирањето и почитувањето на одлуката донесена од страна на организаторот, информираа од ПК Љуботен.
Според евиденцијата на клубот, при досегашните 41 искачување до Титов Врв, се искачиле 26705 планинари. Искачувањето е почнатото 1980 година како Меморијален марш, кој подоцна е дел од календарот на сите планинарски друштва во тогашна Југославија.
ас
фото ПК Љуботен