• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
недела, 5 февруари 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

Поставен нов покрив на црквата Света Петка во Вратница, следи реставрација на фрескоживописот

06/12/2022
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Со донации на верници и граѓани во текот на 2022 година поставена е нова кровната конструкција и реставрација на внатрешните бели ѕидни површини во црквата Света Петка во Вратница, а следна активност е обновување на фрескоживописот.

Црковниот одбор информира дека благодарение на донациите на граѓаните на Вратница и останати граѓани, пријатели и роднини, правни субјекти од регионот, сограѓани од дијаспората, посебно од САД – во целост се исплатени сите договорени суми со фирмите изведувачи на кровната конструкција и реставрација на ѕидовите.

-Во кординација на Црковниот одбор и нашиот сограѓанин Душко Синадиноски од САД, се реши проблемот со финансирање на реставраторските активности на целокупниот фрескоживопис на Црквата. Доброволно се јавија оваа фаза да ја финансираат тројца наши сограѓани од САД, за што Црковниот одбор им изразува голема благодарност. Црковниот одбор им се заблагодарува на сите донатори и активисти кои помогнаа во реализацијата на овој проект од суштинско значење за Вратница, информираа претставници на Црковниот одбор при Света Петка.

Со оглед на многу лошата состојба на целата живописана површина било одлучено да се превземат реставраторски и конзерваторски работи кои ќе го заштитат културно-историското наследство од натамошно оштетување и распаѓање.

-За таа цел, Црковниот одбор во координација со неговото високо правосвештенство Владиката Јосиф, разгледа неколку опции за изведување на овие активности.  По добиените понуди, одборот реши да го ангажира Ателјето Серафим од Скопје под раководство на магистерот во областа на реставраторството, Дејан Крстевски. Со ателјето е потпишан договор за цената и интензитетот на работите околу реставрацијата, информираа од Одборот.

Целиот реставраторски зафат ќе чини 20 500 евра, потпишан е договор за отпочнување на работите и исплатена е првата рата. Активностите ќе се одвиваат согласно временските услови, но целокупниот проект треба да се заврши до крајот на 2025 година.

Црквата Света Петка е почната да се гради 1923 година, а завршена и осветена е во 1927 година.  Иконостасот, сводот и олтарот се дело на познатиот македонски зограф Димитар Андонов Папрадишки. Се смета дека Света Петка е единствена црква во  Полошки крај во која фрескоживописот е дело на Димитар Андонов Папрадишки.

ас

 

 

Поврзани објави

Вести

Сè уште се бара дефектот поради кој нема вода во тетовските села Фалише и Сараќино

04/02/2023
Вести

Четврта Бразилка ќе игра за ЖФК Љуботен

03/02/2023
Вести

Фалише трет ден без вода за пиење

03/02/2023
Вести

Дете е повредено поради каснување од бездомно куче

03/02/2023
Вести

Приведени за кражба и физички напади, повеќе пријави за неколку насилства

03/02/2023
Вести

Промената на регистарските таблички со ознаката НМК ќе ги чини граѓаните од 1400 до 1500 денари

03/02/2023
Следна објава

Се отстрануваат остатоците од изгорената модуларна болница во Тетово, ќе чини речиси 6 илјади евра

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.