• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
понеделник, 29 мај 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

Потпишан договор на Општина Тетово и Министерство за локална самоуправа за реконструкција на улица

30/11/2022
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Градоначалникот на Тетово Биљал Касами и министерот за локална самоуправа Ристо Пенов денеска потпишаа договор за кофинансирање на проектот на ИПА Прекугранична програма со Косово 2014-2020 – „Заживување на занаетите и градење култура за заеднички туристички развој”.

Според потпишаниот договор таканаречената „Улица на бутиците“ (улица „Радован Цониќ“) ќе се реконструира, со цел да добие нов лик во насока да се помогне унапредување на занаетчиството.

 

-За реконструкција на Занаетчиска улица, проект финансиран од европските фондови заедно со Министерството за локална самоуправа, се работи за проект за прекугранична соработка во кој се вклучени Тетово и Призрен во иднина ќе го подобриме инфраструктурата во интерес на развојот на туризмот. Со министерот разговаравме за идната соработка со министерството сигурно сме поврзани во делот на надлежностите кои ги делиме како локална и централна власт. Општина Тетово и јас лично сум заинтересиран за да соработувам и со централната власт, да реализираме проекти кои се во интерес на граѓаните, истакна Биљал Касами.

Министерот Пенов посочи дека има уште многу можности за добивање на средства за општините.

-Тетово е општина која се соочува можеби со најсериозни проблеми пред се од финансиски аспект и целта на оваа наша посета беше да ги воочиме проблемите и да видиме каде може да се бараат излезните решенија и да почнеме еден процес на соработка со потпишување на договорот за реконструкција на ткн. Занаетчиска улица со финансиски средства од ЕУ и на Министерството за лоакална самоуправа. Воедно да разговараме околу нивните можности за грантови шеми во кои Општина Тетово можеда биде вклучена пред се преку Швајцарската програма, преку УНДП,преку другите програми, истакна Пенов.

ас

Поврзани објави

Вести

ЖФК Љуботен со победа во среда повторно ќе го освои првенството

29/05/2023
Вести

Наградата за најдобра претстава за деца и младинци за „Црвенкапа“ на Летечка театарска трупа-Тетово

29/05/2023
Вести

Вчера од 14 до 19 часот санкциониран 31 мотоциклист, најмногу за немање заштитен шлем

29/05/2023
Вести

Искажани завршни зборови во судскиот процес за пожарот во модуларната болница во Тетово, пресуда на 5 јуни

29/05/2023
Вести

Трет обид за завршни зборови во судскиот процес за обвинетите во модуларната болница

29/05/2023
Вести

ФК Тетекс обезбеди опстанок во Втората македонска фудбалска лига

28/05/2023
Следна објава

Министер Ристо Пенов: Поголема децентрализација за општините кога ќе има политичка волја

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Don`t copy text!