По повод Меѓународниот ден на детето 1 јуни Клубот на ликовни уметници при КУД „Иљо Антески-Смок“ од Тетово со своите членови под менторство на проф. Татјана Маркоска организираше еднодневен час по цртање и заедничко дружење.
„Секое дете, индивидуално, преку ликовни творби изработени во техниката цртање или скицирање на делот што не опкружува, проговори за својот детски сон, за своите желби. Денес треба да се прашаме, зар постои нешто почисто и посвето од детската солза која моли, од детската насмевка која облагородува од детскиот ѕвонлив глас кој ја грее човечката душа!? Затоа наша мисија е да ги направиме децата среќни не само денес, туку секој ден, секој миг, секогаш… Секое дете заслужува среќа. Зар има нешто поубаво од детската насмевка и радост“, велат од КУД „Иљо Антески-Смок“.
Во 1925 година на Светската конференција за благосостојба на децата одржана во Женева, УНИЦЕФ донесе одлука 1 јуни да се прогласи за посебен ден на децата што означи нов почеток за подобрување на животот на најмладите.
Целта на одбележувањето на овој ден е да се сврти вниманието на широката јавност на сите обврски кои општеството ги има кон децата, како и најважните проблеми со кои децата се соочуваат.