Соопштение на СВР Тетово 24 април 2024:
На 23.04.2024 година во 11.30 часот во СВР Тетово, Б.Ф.(29) од тетовско, сопственик на правно лице, пријавил дека од 23.03.2024 до денот на пријавувањето бил измамен од странска фирма за продажба и компанија за транспорт. Според пријавеното, тој преку интернет порачал роба за потребите на неговата фирма, за која преку банкарски трансакции во неколку наврати платил околу 21 илјада евра, но на 17.04.2024 од компанијата за транспорт го известиле дека нарачката била блокирана во Германија. Како што е пријавено, Б.Ф. стапил во контакт со надлежна служба во Германија, од каде му било кажано дека кај нив нема регистрирано таква стока, по што сфатил дека е измамен. Се работи на расчистување на случајот
23.04.2024 година во 15.40 часот во СВР-Тетово М.Ф.(53) и З.Ф.(66) од тетовска Мала Речица пријавиле дека околу 15.30 часот во дворот на тетовско училиште биле физички нападнати од М.Џ.(33) од тетовски Пирок со која имаат нерасчистени семејни односи. Во врска со настанот во 16.00 часот во полициска станица Тетово дошла М.Џ., со неа е извршен службен разговор и по целосно расчистување и документирање на случајот ќе биде изготвен соодветен поднесок.
На 23.04.2024 година во 23.20 часот во СВР Тетово, М.Ј.(45) од тетовска Мала Речица пријавил дека неговиот малолетен син бил физички нападнат од друг малолетник, негов соученик од скопски Сарај. Се преземат мерки за расчистување и документирање на случајот.