Соопштение на СВР Тетово 30 април 2024
На 29.04.2024 во 08.30 часот во СВР Тетово, 38-годишен тетовец пријавил дека на 22.04.2024 бил измамен од едно лице за сума од 800 евра. Според пријавеното, лицето дошло во неговиот деловен објект и му понудило мобилен телефон за сумата, за што му приложил и фактура. Како што е пријавено, тој одлучил да го купи телефонот, а откако се обидел да го активира кај неколку сервисери, тие му кажале дека телефонот не е оригинал и сфатил дека бил измамен. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
…….
На 29.04.2024 во 12.30 часот во СВР Тетово, 51 – годишен жител на тетовско село пријавил дека бил измамен од А.Л.(29) од Тетово. Според пријавеното, во текот на 2019 година, откако со неколку други лица биле повредени во сообраќајна незгода, биле контактирани од А.Л., кој се претставил како агент од осигурителна компанија и им понудил по 500 евра за обештетување за повредите во незгодата. Како што е пријавено, откако се согласиле и потпишале документи, парите им биле дадени на рака. Како што е пријавено, во текот на 2023 година добиле судски покани во врска со наведената сообраќајна незгода, а осигурителната компанија барала обештетување од нив во износ од 9200 евра, пари кои никогаш лично не ги добиле од компанијата, ниту пак ополномоштиле адвокат или лице да ја води нивната постапка, по што сфатил дека биле доведени во заблуда и измамени од А.Л.. Се преземат мерки за расчистување на случајот.
.….
На 29.04.2024 во 18.20 часот во СВР Тетово, А.Н.(49) од Тетово пријавил дека пред неговата викенд куќа на Тетовско кале бил каснат од куче скитник.
……
Во рамките на континуираните активности што ги презема СВР Тетово за поголем ред и безбедност на сообраќајот, вчера (29-април) во периодот од 10 до 15 часот спроведена е акциска контрола за прекршоците што ги прават возачите на мотоцикли. При контролата биле откриени и санкционирани 15 прекршоци (ТЕ-10 и ГВ-5), од кои најголемиот дел биле за некористење на заштитен шлем-кацига 8 (ТЕ-6 и ГВ-2), сообраќајна дозвола со поминат рок на важност 1 (ТЕ) и управување без положен возачки испит 1 (ГВ). Против возачите биле поднесени соодветни поднесоци. При контролата биле констатирани и санкционирани (ТЕ-5) останати сообраќајни прекршоци. СВР Тетово апелира до возачите мотоцикли да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи во и навремено ги продолжуваат осигурителните полиси или регистрации, да не управуваат со мотоцикл без положен возачки испит, а со тоа да придонесат за личната безбедност и безбедноста на останатите учесници во сообраќајот.