Четириесет и петгодишниот тетовец А.Р. вчера (4 мај) во 13 часот и 20 минути во СВР Тетово пријавил дека околу пладне во дворот на тетовско основно училиште, во кое учел, неговиот малолетен син физички бил нападнат од друг ученик од истото училиште, а поради поранешни недоразбирања меѓу нивните семејства.
Истовремено, 53-годишната С.Р. од Тетово пријавила дека нејзиниот пријавен син бил физички нападнат од двајца малолетници-ученици во училиштето. Се работи на расчистување на случајот, информира СВР Тетово.
Педесет и тригодишниот тетовец З.Н. вчера (4 мај) во 15 часот во СВР Тетово пријавил дека на втори мај околу 23 часот во угостителски објект на улица „Иво Лола Рибар“ во Тетово бил физички нападнат од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот.