Во изминатите четири месеци од оваа година на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Тетово изречени се вкупно 4146 мерки (ТЕ-2788 и ГВ-1358) за неприлагодена брзина, односно за пречекорување на максимално дозволената брзина.
Најголемиот број од овие мерки се однесувале на пречекорувањата на брзината на автопатот Гостивар-Тетово-Скопје и магистралниот пат Гостивар-Кичево, а дел од мерките и на околните регионални патишта.
На возачите-прекршители во овој период изготвени им се адекватни поднесоци и зависно од големината на пречекорувањето ќе се соочат со парични глоби кои за овој вие прекршок се движат од 45 до 400 евра.За оние кои позначително ја пречекориле брзината предвидена е и мерка времено одземање на возачките дозволи од три месеци до една година.
Секторот за внатрешни работи Тетово со уште едно потсетување на возачите да се придржуваат до сообраќајните знаци за ограничување на пропишаната брзина, посебно на автопатот и магистралата Гостивар-Кичево. Ова, дотолку повеќе што и годинава најчеста причина за досега случените сообраќајни несреќи на поширокото полошко подрачје е токму пребрзото возење.