Соопштение на СВР Тетово.
Вчера (28 ноември) околу 13 часот и 45 минути на улица „103“ во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода 25-годишниот К.И. од тетовски Пирок затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. Тој е задржан во Полициската станица Тетово за расчистување и документирање на случајот, по што ќе му биде изготвен соодветен поднесок.
Вчера (28 ноември) околу 10 часот и 30 минути на улица „107“ во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово лишиле од слобода малолетник од Тетово затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. Во исто време од слобода бил лишен и 23-годишниот тетовец Б.Ш. поради сомнение дека и тој бил инволвиран во случајот. Двајцата се задржани во Полициската станица Тетово и против нив ќе следуваат законски предвидените поднесоци.
Дваесет и шестгодишниот В.Н. од тетовско Слатино вчера (28 ноември) пријавил дека околу 11 часот и 20 минути на улица „Борис Кидрич“ во Тетово физички бил нападнат од А.Х.(60) од Тетово, со кого подолго време имал судски спор. Се расчистува и документира случајот.
Дваесет и петгодишниот Н.А. од гостиварско Калиште, вчеравечер (28 ноември) во 22 часот во СВР Тетово пријавил дека околу 20 часот и 30 минути во спортска сала во Тетово, додека извршувал работни задачи како новинар со уште едно лице, М.А. од тетовско Ларце физички го нападнал, додека други две лица, кои биле присутни во салата, му се заканувале. Се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот.
Полициски службеници на СВР Тетово вчера (28 ноември) околу 20 часот и 10 минути ја лишиле од слобода 46-годишната А.А. од тетовска Брвеница, која претходно била пријавена од 47-годишниот И.Б. од тетовско Слатино дека во тетовската Клиничка болница, каде била вработена, неовластено ја снимила неговата мајка која била хоспитализирана на едно од одделенијата. Снименото, потоа го објавила на социјални мрежи. Задржана е во Полициската станица Тетово за расчистување и документирање на случајот.
Вчера (28 ноември) околу 11 часот и 40 минути на земјен пат пред влезот во тетовско Рогле, полициски службеници на СВР Тетово пронашле опожарено патничко моторно возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки. Извршен е увид, а возилото е подигнато и ќе се вештачи.