Соопштение на СВР Тетово
Вчера (3 декември) петнаесетина минути по полноќ, полициски службеници на СВР Тетово, на улица „Маршал Тито“ во Тетово го привеле 33-годишниот тетовец К.И. затоа што се однесувал агресивно кон нив додека преземале службени дејствија. Тој бил задржан во Полициската станица Тетово за расчистување и документирање на случајот и против него ќе следува соодветен поднесок.
Дваесет и четиригодишната М.З. од Битола, со престој во Тетово, вчера во 13 часот и 30 минути во СВР Тетово пријавила дека на втори овој месец околу 17 часот била физички нападната од тетовецот Н.М. поради нивни нерасчистени должничко-доверителски односи. Се расчистува и документира случајот.
Ноќеска (4 декември) во 4 часот и 30 минути, 33-годишната З.К. во СВР Тетово пријавила дека час и половина пред тоа на улица „Јане Сандански“ во Тетово била физички нападната од 30-годишниот Р.Б. од тетовско Церово, поради финансиски недоразбирања. Се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот.