• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
петок, 2 јуни 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

Приведен за семејно насилство 41 годишник

СВР Тетово информира дека во изминатите 24 часа се приведени неколку луѓе. Од нив, 41 годишен маж за семејно насилство врз мајката и сопругата.  Приведени и се четворица млади луѓе поради најдена дрога. Полицијата бележи и неколку пријави за физички напади.

30/03/2023
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

СВР Тетово информира дека во изминатите 24 часа се приведени неколку луѓе. Од нив, 41 годишен маж за семејно насилство врз мајката и сопругата.  Приведени и се четворица млади луѓе поради најдена дрога. Полицијата бележи и неколку пријави за физички напади.

Вчеравечер (29 март) околу 20 часот и 40 минути, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода 41 годишник од тетовско село, кој претходно бил пријавен од неговата 35-годишна сопруга дека физички ги нападнал неа и неговата мајка. Според пријавеното, во нападот користел и метален предмет. Тој е задржан во Полициската станица Тетово и против К.К. ќе следува поднесок

Полициски службеници на СВР Тетово вчера (29 март) околу 14 часот и 20 минути, на улица „Илинденска“ во Тетово, го лишиле од слобода 26-годишниот тетовец Б.Б., затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. Тој е задржан во Полициската станица Тетово и по целосно документирање на случајот ќе му биде изготвен соодветен поднесок.

Вчера (29 март) околу 16 часот и 30 минути, на улица „107“ во Тетово, ги лишиле од слобода  32-годишниот тетовец Л.М. и Г.А.(24) и Д.Б.(19) од Република Албанија. При нивен преглед им била пронајдена марихуана, по што тројцата се задржани во Полициската станица Тетово за расчистување и документирање на случајот.

Ноќеска (30 март) околу 1 часот во СВР Тетово пријавено е дека на улица „Илинденска“   во Тетово физички се пресметувале 37-годишниот Б.С. од тетовско Добарце и 45-годишниот тетовец Ф.Р.  Случајот целосно е расчистен и на двајцата ќе им бидат изготвени поднесоци.

Четириесет и двегодишната А.С. од тетовско Селце вчера (29 март) околу 13 часот и 50 минути во СВР Тетово пријавила дека нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од двајца други малолетници од ова село, а физички напад од истите малолетници врз нејзиниот малолетен син пријавила и 38-годишната Ш.О.

 

Поврзани објави

Вести

Продолжуваат акциите за подигање фрлени отпадоци на Шар Планина

02/06/2023
Вести

Приведени две лица поради најдена дрога,еден за издржување мерка притвор

02/06/2023
Инфо компас

Ова лето FLAIR бренд на спортска облека нека биде твојот избор

01/06/2023
Инфо компас

Леар Тетово, лидер во автомобилската индустрија, вработува: Оператори во производство

01/06/2023
Вести

Дваесетгодишен јубилеј на манифестацијата „Фолклорни средби Брвеница игра и пее“

01/06/2023
Вести

По втор пат означен почетокот на изградбата на автопатот Тетово-Гостивар, почнаа геомеханичките испитувања на почвата

01/06/2023
Следна објава

Единствениот реставриран објект на тетовското Кале остана без ќерамиди

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Don`t copy text!