• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
сабота, 25 март 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

Приведени се неколку лица поради најдена дрога, нелегален престој и за издржување на затворска казна

12/10/2022
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

СВР Тетово во соопштението за евидентирани настани и пријави информира за наоѓање на 40-годишник од Скопско кој бил пријавен за исчезнат.  Приведени се неколку лица поради најдена дрога, нелегален престој и за издржување на затворска казна.

Полициски службеници на СВР Тетово завчера (10 октомври) на улица „Благоја Тоска“, во близина на стариот градски стадион во Тетово, го пронашле 40-годишниот С.П. од скопско Црешево, кој на 9-ти овој месец бил пријавен дека се оддалечил од неговиот дом. По пронаоѓањето, С.П. вчера (11 октомври) околу 15 часот им бил предаден на неговите најблиски.

Полициски службеници на СВР Тетово, вчера (11 октомври)  околу 17 часот и 5 минути, на улица „Браќа Миладинови“ во Тетово го лишиле од слобода 19-годишниот А.П. од тетовски Челопек затоа што при преглед му била пронајдена марихуана. Тој бил задржан во Полициската станица Тетово и по целосно документирање на случајот ќе му биде изготвен соодветен поднесок.

Вчеравечер (11 октомври) околу 22 часот, полициски службеници на СВР Тетово, во тетовско Горно Палчиште, го лишиле од слобода Ф.С.(30) од тетовска Голема Речица затоа што при негов и преглед на патничко моторно возило „фолксваген пасат“ со тетовски регистарски ознаки, во кое бил сопатник, му била пронајдена марихуана. По документирање на случајот против Ф.С. ќе следува поднесок по член 215 од Кривичниот законик.

Вчера (11 октомври) околу 19 часот и 30 минути во казино на улица „Илинденска“ во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово го привеле 49-годишниот М.Х. од Република Албанија, кој непријавено престојувал на подрачјето, по што бил задржан во Полициската станица Тетово за натамошна постапка.

Полициски службеници на СВР Тетово вчера (11 октомври) околу 17 часот и 35 минути, на улица „Ленин“ во Тетово, со судска наредба го привеле 49-годишниот тетовец Н.А. за издржување  затворска казна во Казнено-поправната установа Затвор „Тетово“ во Тетово, каде набргу бил спроведен.

 

Поврзани објави

Вести

Активности на СВР Тетово за градење доверба кон локалната заедница 

25/03/2023
Вести

Се одржа прво литургиско празнување на Свети Кирил Лешочки

25/03/2023
Вести

Повеќе активности во „Неделата на екологијата“ на Општина Брвеницаа

24/03/2023
Вести

На наплатна рампа кај Тетово приведени две лица кај кои се најдени 35 килограми дрога

24/03/2023
Вести

При контрола за прекршоци што ги чинат возачите во зона на крстосници изречени 37 мерки

24/03/2023
Инфо компас

Прекин во напојување со електрична енергија на 24 март

24/03/2023
Следна објава

Во Општина Тетово вработени нови 43 луѓе со договор на дело, 135 досега во 2022

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.