Територијалната противпожарна единица Тетово вчера петок од 18 до 22 часот интервенираше на два пожари на отворено.
И покрај редовните апели да се не пали сувата вегетација на нивите поради опасност од пожар, за жал се случува спротивното. Секојдневно пожарникарите се соочуваат со запалени стрништа и остатоци од кои постои опасност да се рашири голем пожар.
„Регионален ЦУК Тетово известува дека ТППЕ Тетово,од 18:00 до 18:40 часот, со 3 пожарникари и 1 ПП возило гаснеле запалена ниска вегетација кај село Теново, Општина Брвеница. Од 20:55 до 22:00 часот, со 3 пожарникари и 1 ПП возило гаснеле запалена ниска вегетација на површина од 2 декара кај селата Прељубиште-Јанчиште, Општина Јегуновце“, информира Центарот за управување со кризи.
ЦУК апелира да не се пали вегетација на отворено, а појавата на пожар што побрзо да се пријавува на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112.
И Секторот за внатрешни работи Тетово постојаноо апелира до граѓаните да бидат постојано внимателни ако се движат или работат во полето и низ шумите, да не ги палат отпадоците, меѓите и стрништата на нивите и да не фрлаат неизгаснати догорчиња и опушоци. Тие што од невнимание или намерно ќе предизвикаат пожар ќе се соочат со ригорозни законски санкции, односно со соодветни пријави и затворски казни кои се движат од 6 месеци до 5, односно 8 години, зависно од видот на пожарот, околности и крајните последици.