По три недели продолжи реконструкцијата на дел од улицата „Тодор Циповски-Мерџан“ во Тетово на потегот од паркот кај поранешната зграда на библиотеката во правец кон Два бреста.
Прередувањето на калдрмата кое беше почнато на 10 август, во текот на истиот ден беше прекинато од полицајци. Тие тогаш побараа од фирмата изведувач да ја прекине работата и да ја врати првобитната состојба, со образложение дека ги немале соодветените документи кога станува збор за одвивање на сообраќај.
-По краткиот прекин од вчера повторно е продолжено со реконструирање на улицата “Тодор Ципоски –Мерџан” , поточно од стара библиотека кон населбата Два бреста. Реконструкцијата предвидува вадење на калдрмата (коцката), нејзино нивелирање и повторно прередување. Со оглед на тоа што се работи за стариот дел на градот, чие обележје е токму калдрмата, истата останува, но ќе добие нов поубав лик, информираат од Општина Тетово.
На 10 август Општина Тетово ја информираше јавноста дека ги има сите потребни документи за работа и договор со фирма изведувач.
Воедно и дека СВР Тетово има дадено согласност на 29.06.2022 година каде меѓу другото се наведува дека „ќе се промени режимот на сообраќај поради пополнување на дупки, реконструкција на коловозите во градот и патната мрежа.
ас