Промоција на носителот и кандидатите за советници на советничката листа на СДСМ за општина Тетово ќе се одржи утре 19 часот во Жена Парк.
Говорници ќе бидат Сања Лукаревска – заменик претседателка на СДСМ, кандидати за советници- Стојанчо Трипуновски и Наташа Петровска, како и носителот на советничка листа – Глигорије Стојановски.
-Чест ни е да ве поканиме на промоцијата на нашата советничка листа. Придружете ни се во релаксирана атмосфера и одлична дружба да ги споделиме нашите идеи за европско Тетово.Специјален гостин е Владо Јаневски, додека предгрупа: Tune In, DJ After Set, информираа од општинската организација на СДСМ Тетово.