• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
сабота, 23 септември 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

              

Home Вести

Промоцијата на волонтерството како начин младите да активно да решаваат проблеми во заедницата

30/05/2023
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Со поставување на штанд за делење на информативни материјали, работилница за рециклирање и паноа за цртање или пишување на мотивирачки пораки до младите за волонтерска работа.

Вака денес во Тетово се организира настан за промоција на волонтерството што заеднички го организираа на отворено во центарот на градот граѓанските здруженија Женски Форум Тетово и Волонтерски центар Скопје.

-Женски Форум ги мотивира младите девојки да се вклучуваат во волонтерски активности, да волонтираат во здруженија на граѓани и во организации. Да се развива свеста на волонтерството. Да можат да ги детектираат главните проблеми во заедницата, да апелираат и да иницираат решавање на истите и така да станат идни активни граѓанки во заедницата. Голем таков придонес даваат младите од канцеларијата на Младински Образовен Форум (МОФ) во Тетово. Тие и денес дадоа најголем придонес во реализирање на оваа активност, изјави Слаѓана Јосифоска, претставничка на Женски Форум.

На овој начин со настани на отворено и посетување на повеќе градови канцеларијата на Волонтерски центар се приближува до младите, посочуваат од ова организација.

-Пораките се на тема-волонтерство. Како да се стане активен волонтер, како младите постојано да бидат вклучени како да станат свесни за потребите и проблемите на заедницата и за тоа да интервенираат од млади нозе. Како да станат поактивни граѓани. Пораката што ја користи Волонтерски центар Скопје е суштината на волонтерството-Волонтерите не се платени за тоа што се безвредни, туку затоа што се бесценети, изјави Андреј Наумоски, претставник на Волонтерски центар Скопје.

Оваа активност е дел од проектот „Младинско учество за силен и одржлив развој на заедницата“, поддржан од ЕУ, кој Здружение Женски Форум Тетово го спроведува заедно со партнерските организации: Коалиција СЕГА Прилеп, СОС Детско Село Скопје и Волонтерски Центар Скопје.

ас

Поврзани објави

Вести

Вечерва продолжи да гори боровата шума во близина на тетовско Милетино

22/09/2023
Вести

Тешко повредена 24 годишна тетовка во судир на мопед и автомобил

22/09/2023
Вести

Изгаснат пожарот на борова шума во Тетовско, пожарникарите ќе дежураат на местото

22/09/2023
Вести

Гори борова шума во Тетовско, се гаси и од земја и од воздух

22/09/2023
Вести

Приведени малолетник и 18 годишник за насилство, а 30 годишна жена за разбојништво

22/09/2023
Вести

Тетовската библиотека доби ветување од Министерството за култура за реновирање на предложените простории и дополнително место за книгите

22/09/2023
Следна објава

Билтен на СВР Тетово-Пријави за напад врз дете и измама, украден лаптоп од џамија, повреден велосипедист

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Don`t copy text!