• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
четврток, 5 октомври 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

              

Home Вести

Противпожарни авиони интервенираа да се изгаси пожарот во депонијата кај тетовско Добарце, Општина Желино

13/09/2023
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Денес на петтиот ден откако гори депонијата кај селото Добарце, Општина Желино интервенираше Дирекцијата за заштита и спасување фрлајќи вода од противпожарните авиони „Ер-трактор“. Според претставниците на Центарот за управување со кризи со оваа денешна интервенција се смета дека пожарот веќе не е активен.

– По успешното дејство на два противпожарни авиона „Ер-трактор“ на Дирекцијата за заштита и спасување, во два наврата, врз депонијата, во моментот додека информираме пожарот не покажува знаци на активност и не чади. Во тек е ангажман на градежна механизација за дополнително затрупување на деловите каде што чадело – информираше раководителот на Секторот за операции и координација во Центарот за управување со кризи.
Од тетовската пожарна информираат дека тие пет дена редовно интервенираат на пожарот со тоа што се праќани пожарникари да го гаснат огнот употребувајќи вода од камионите со цистерни.

–Овие пет дена постојано фрламе вода, но според мене целосно ликвидирање на запалениот отпад ќе има кога ќе се изгаси огнот и ќе се затрупа изгореното со земја. Во купиштата изгорен отпад се појавува внатрешно согорување и затоа е потребно да се затрупа, информираше Авни Амети, командир на Територијалната против пожарна единица Тетово.

Пожарот избувна во саботата 9 септември.

ас

Поврзани објави

Вести

Изложба на расни кучиња и „специјалка“ за шарпланинци викендов во тетовска Брвеница, пријавувањето завршува во четврток на полноќ

04/10/2023
Вести

„Прошарај“ – еко акција, базар, детско катче и филмови на Попова Шапка во недела 8 октомври

04/10/2023
Вести

Во ОУ „Лирија“-Тетово заеднички спортски активности со ОУ „Гоце Делчев“ по повод Детската недела

04/10/2023
Вести

Приведен 35 годишен тетовчанец поради напад на сограѓанин и полицаец

04/10/2023
Вести

Казнети 23 возачи за непрописно престигнување во сообраќајна контрола вчера од 14 до 19 часот

04/10/2023
Вести

АПИС до пратениците: Сфатете нѐ сериозно пред да стане предоцна – државата ќе изгуби 280 милиони евра годишно приход и ќе создаде предуслови за организирање игри на среќа на црно

04/10/2023
Следна објава

Протест на тетовските пензионери на плоштадот-Нашите деца се прашуваат дали ќе ја имаат истата судбина и затоа бегаат по белиот свет

Tetovo, MK
четврток, октомври 5, 2023
overcast clouds
16 ° c
83%
2.01mh
100%
24 c 14 c
пет
24 c 12 c
саб
27 c 14 c
нед
19 c 9 c
пон

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Don`t copy text!