Денеска (6 март) во Секторот за внатрешни работи Тетово беше организирана крводарителска акција, прва годинава.
Портпаролот Марјан Јосифоски информира дека во рамките на оваа акција вкупно се собрани 13 единици крв.
„Хуманистите од овој Сектор уште еднаш на дело ја искажаа својата несебичност и подготвеност да им помогнат на оние за кои собраните единици живот значат.Инаку, СВР Тетово години на ред се вбројува меѓу крводарителски најуспешните институции на тетовско-гостиварското подрачје со собрани над 100 единици крв годишно, а она што посебно заслужува да се истакне е дека меѓу крводарителите значителен е бројот на новите, помлади дарители“, информира портпаролот Марјан Јосифоски.
До крајот на годинава планирани се уште две вакви акции, од кои се очекуваат уште најмалку педесетина единици крв.
ас
фото СВР Тетово