• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
четврток, 1 јуни 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Теми и интервјуа

Психолозите препорачуваат да не се премолчува сексуалното вознемирување и да се пријавува

11/09/2022
во Теми и интервјуа
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Група малолетници со допирање и обид за соблекување на маици, сексуално вознемирувале две девојчиња во парк, а од поголеми последици биле спасени од помлад човек.

За оваа ситуација во Тетово за која неделава се дебатира по социјалните мрежи, според познавачите на приликите, се всушност чести проблеми на многу девојчиња но малку се пријавуваат во полиција и уште помалку се зборува за надминување на проблематиката.

Во тетовската полиција велат дека кај нив нема пријави за сексуално вознемирување.  Евидентирани се закани до женски лица на социјалните мрежи, дека ќе им објават компромититачки фотографии или видеа.

–Минатата и оваа година во СВР Тетово нема пријавени случаи на психичко или физичко сексуално вознемирување. Но елементи на вакво вознемирување во овој период препознаени се и адекватно санкционирани со изготвување на соодветни поднесоци најчесто во пријавени случаи на злоупотреба на лични податоци преку социјалните мрежи, изјави Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

Според стручните лица, психолози и социјалните работници, пред се родителите поради недоверба на институциите не ги пријавуваат овие немили настани.

–Не било пријавено заради несигурноста на родителите. Прво ќе биде стигматизирано и ние сме полни со предрасуди дека некој ќе биде обележан за нешто што е крив. Втора работа зошто тоа да се случува на моето дете, зошто мене да ме зборат, а втора работ колку ние веруваме во институциите. Колку веруваме дека заради таквото однесување ќе биде казнет, вели психологот и психотерапевт Билјана Радическа.

Сепак овие стручни луѓе велат дека тоа да не смее да се премолчува поради опасност од последици по ментално здравје на жртвата.

-Потребно е да се подигне малку свеста кај населението и луѓето, за да разговараат и да пријавуваат било какви случаи на насилство. Затоа што криењето на такви работи води кон подлабоки некакви агресивни однесувања и можат да станат жртви на таквите однесувања. Битно е кај нас е да се отвори тема и да се отворат дебати и да се разговара по училиштата, вели Билјана Радическа.

На социјалните мрежи сведоците алармираа дека освен сексуално вознемирување имало и меѓуетнички напад во Тетово.

Александар Самарџиев за ТВ Алфа 

Поврзани објави

Теми и интервјуа

Единствено во Волковија во тетовскиот регион можност за алтернативниот медицински третман апи-терапија

28/05/2023
Теми и интервјуа

И со факултетска диплома не може да се вработи лице со попреченост

06/05/2023
Теми и интервјуа

Голем број надградби и доградби во Тетово, неизвесно дали би издржале посилен земјотрес

08/04/2023
Теми и интервјуа

Шокантно сведоштво на тетовчанката Елизабета: На плоштад трчав и викав за да се спасам од напад на бездомни кучиња

20/03/2023
Теми и интервјуа

Сé повеќе деца стануваат насилници-промената може да се направи само дома, препорачуваат психолозите

20/03/2023
Теми и интервјуа

Александар Стојановски-Цули за искуството во турскиот град Адијаман : Град разрушен од земјотрес, нема боја, ние сочувствуваме со нивната болка, тие со нашиот предизвик

02/03/2023
Следна објава

Објавена е книгата Леген-град генеза на неговиот идентитет од авторот Душан Синадиновски

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Don`t copy text!