• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
понеделник, 6 февруари 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

Работилница за урбано и сообраќајно планирање со цел подобро живеење во Полошкиот регион

20/12/2022
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Центарот за развој на полошки плански регион денеска организираше работилница со цел претставниците на општините да согледаат можности за урбано и сообраќајно планирање во градовите и селата со цел создавање на поквалитетни места за живеење.

Повикани беа национални и меѓународни експерти за сообраќај и урбано планирање кои претставија идеи за подобро урбано планирање и надминување на сообраќајниот метеж во полошкиот регион.

-Работилницата е дел од проектот План за урбана мобилност преку кој сакаме да направиме средини поубави за живеење. Викнавме планери за да видиме како да го трансформираме просторот. Им даваме насока на општините како да разиваат детални и генерални урбанистички планови. Сега се прави само студија каде би можеле и како би можеле ние да го намалиме сообраќајот. Тие работат на транспротниот модел и ќе ни дадат насоки како ние понатаму да го развиваме регионот во насока на развивање на пешачки зони, изјави Фатмир Саити, директор на Центарот за развој на полошкиот плански регион.

Еден од консултантите,  Дарко Спасеновски, магистер по сообраќајно-транспортно инженерство од Битола, истакна дека се работи на документ кој што претставува стратегија за цел Полошки регион вклучувајќи ги сите девет општини. Има  за цел да ги детектира сите недостатоци од аспект на сообраќајот но и да даде предлози за нивно надминување и решавања на проблемите. Воведување на пешачка зона е прв чекор кој што треба да се направи за подобрување на сообраќајот во Тетово.

-Покрај за решавањето на сообраќаен хаос, најбитно е да се смени начинот на планирање како сега така и во иднина. Треба да добиеме што повеќе пешачки зони, тие треба да ни бидат на прво место,потоа следат велосипедски патеки и ленти и јавниот градски превоз и се останато, како патнички автомобили. Целта на овој план покрај што ќе ја анализира мобилност во цел Полошки регион движење во полошки регион и да дефинира и пешачки зони на ниво на Тетово, централно градско подрачје во Тетово за тоа се прават дополнителни анализи како ќе изгледа. Ние ќе анализираме во транспортен модел како би изгледало, како би се прераспределил сообраќајот, рече Спасеновски.

Градоначалникот на Тетово вели дека самиот сака да има пешачка зона во центарот на градот, но смета дека за тоа треба да гласаат сите граѓани.

-Јас лично би сакал централното градско подрачје да биде ексклузивно за пешаци, за велосипеди,  но за тоа треба како град, како граѓани треба да одлучиме затоа што решенијата кои ги разгледуваме сега сепак треба ги ставиме на тест на граѓаните. Затоа што тие што возат барат поголема можност за движење со возила, тие што не возат бараат повеќе комоција, пешаците да се движат. Така да решенијата кои ќе можат да бидат порадикални, како што посочив централното градско подрачје да биде само за пешаци, ако има таков предлог ќе треба да се верифицира од граѓаните, изјави Биљал Касами.

Полошките градоначалници разгледаа искуства од Турција и Словенија како да се подорби сообраќајното и урбаното планирање.

ас

 

Поврзани објави

Вести

Се одржа јубилејна десетта зимска школа за планинари на Попова Шапка

06/02/2023
Вести

Шести ден без вода за пиење во Фалише и Сараќино, дефектот сè уште се бара

06/02/2023
Вести

Ќе се промовира биографска книга за поранешниот пратеник Томислав Стојановски-Бомбај

06/02/2023
Вести

Во текот на јануари 2023 имало 70 сообраќајни несреќи, најмногу 22 поради неприлагодената брзина

06/02/2023
Вести

Нова медицинска опрема вредна 3,5 милиони евра за Клиничка болница Тетово, раководството уверува ќе има повеќе слободни термини за прегледи

06/02/2023
Инфо компас

Предпродажба на новелата „Разговори со Бен“ од тетовскиот писател Зоран Стојановски

06/02/2023
Следна објава

Седум возачи казнети за недозволено поставени фолии, звучни и светлосни знаци на возилата

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.