Рон Хазари, кандидат за пратеник од СДСМ: Нашата визија е енергетска независност и зелена енергија за сите
Прес-објава на Рон Хазари, кандидат за пратеник од СДСМ и коалицијата:
Нашата визија е енергетска независност и зелена енергија за сите! На Македонија не ѝ требаат енергетски споменици и музеи и затоа велиме стоп за нови фосилни технологии!
Вкупното производство на енергија ќе се зголеми за најмалку 70% со што државата целосно ќе ги задоволува домашните потреби за струја. Планираме во наредните четири години за 100% да се зголеми инсталираниот капацитет на обновливи извори на енергија односно тој да достигне 60% од вкупната потрошувачка во државата.
Воведуваме огромна промена! Државните енергетски компании ги даваме во рацете на граѓаните! Висок процент од вкупниот број издадени акции во државните енергетски компании ќе се поделат еднакво на граѓаните. Секој граѓанин, вклучително и децата, ќе добие по најмалку 8.000 денари од вредноста на енергетските компании или 500 евра за едно четиричлено семејство.
Со секој глас ние чекориме кон подобра и европска иднина!