• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
четврток, 30 март 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

Рушењето на последната куќа за пробивање на булеварот „Благоја Тоска“ во Тетово одложено за една недела

14/11/2022
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

За денеска најавеното рушење на последната куќа со цел да се прошири булеварот „Благоја Тоска“ во Тетово се одложи за една недела.  До одложување дојде откако неколку часа сопствениците на куќата преговараа со претставници на општината, инспекторатот и полицијата. Во предвиденото време за рушење во 11 часот беше донесена градежна механизација, но немаше активности.

Од општината уверуваат дека сите процедури се завршени и семејството мора да го напушти објектот.

-Експропријацијата е комплетирана и парите се префрлени на наменска сметка на судот затоа што странката не сака да ги земе тие пари. Во судот тече процедура но само за одредување на сума.. Сите процедури во рамки на законот ние сме ги предвиделе и сите пречки ќе ги надмимене за да продолжат градежните работи за отворање на тој булевар. Постигнавме еден договор со кој даваме на семејството време уште една недела да се исели од таму. Општината има најдено стан и ќе плаќа трошоци за кирија да живеат таму, се додека не најдат објект за постојано живеалиште со парите што ќе ги земат од експропријацијата, изјави Бесар Дурмиши, претседател на Советот на Општина Тетово.

За сопственикот Исљам Рушити судот одредил компензација од 76 илјади евра, додека тој бара  120 илјади евра како да им се дозволи од вкупната површина од 462 метри квадратни,80 метри квадратни да им останат за да изградат помала куќа.

Од општината информираа дека законски не се во можност да дадат дозвола за градба на дел од површината.

За да се продолжи булеварот градежни работи со рушење на објекти започнаа уште во јули 2021 година во време на претходното општинско раководство. За градежни работи општината доби средства од ткн. ТАВ програма,а за експропријација средства од Владата.

ас

Поврзани објави

Вести

Санкционирани 14 возачи кои ги управувале возилата без да бидат врзани со сигурносни појаси

29/03/2023
Вести

Премиерот Ковачевски во посета на тетовска фирма за производство на јајца : Владата и компаниите мора да покажат единство за заштита на граѓаните

29/03/2023
Вести

Повредена малолетничка поради напад од бездомно куче

29/03/2023
Вести

Поставени табли за паркинг за лица со телесен инвалидитет, апел местата да не се узурпираат

28/03/2023
Вести

СВР Тетово: Вчера преземени 25 мерки за погрешно паркирање, а 19 возила биле подигнати од „пајак-службата“

28/03/2023
Вести

Полицајци затекнале додека се тепаат па привеле две млади лица

28/03/2023
Следна објава

Од денеска почнува законската обврска за задолжително поседување и носење на пропишаната зимска опрема

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.