Соопштение на СВР Тетово 22 април 2024
На 21.04.2024 во 08:50 часот на автопатот Скопје-Тетово, поточно кај наплатна станица-Желино полициски службеници од Полициска станица за безбедност на патниот сообраќај-Тетово го лишиле од слобода В.М.(49) од струшко Подгорци, затоа што физички нападнал полициски службеник при преземање службени дејствија. Тој е задржан во Полициска станица Тетово и против него ќе следува соодветен поднесок.
Вчера (21-април) во периодот од 07.00 до 13.00 часот на подрачјето на СВР Тетово спроведена е акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возило со брзина поголема од дозволената.
При контролата биле санкционирани вкупно 56 пречекорувања на максимално дозволената брзина. Од нив, 36 пречекорувања се регистрирани надвор од населено место (ТЕ-4 и ГВ-32), од кои 4 возачи (ГВ) ја пречекориле максимално дозволена брзина за повеќе од 70 километри на час, а 20 пречекорувања на брзината регистрирани се во населено место (ТЕ). На возачите прекршители, изготвени им се предвидените законски поднесоци.
СВР Тетово апелира до возачите да ги почитуваат правилата и прописите во сообраќајот, да ја прилагодат брзината според условите и ограничувањата на патот, и на тој начин сите да придонесеме за побезбеден сообраќај.