Регионалниот Центар за управување со кризи од Тетово информира дека пожарникарите од Територијална противпожарна единица вчера, сабота од 12.00 до 13.00 часот со едно ПП возило и два пожарникара интервенирале на запалена депонија на патот за стрелиштето кај Еребино во Општина Желино.
Во петокот пожарникарите од Територијалната противпожарна единица ТППЕ Тетово, во период од 18.00 до 19.30 часот, со три пожарникари и едно ПП возило интервенирале на запалена дива депонија во атар на с.Церово, Општина Желино. Од 19.50 часот започнал пожар на дива депонија над расторанот „Дарданија“ кај на с.Боговиње, во Општина Боговиње. Во гаснењето на пожарот интервенирале три пожарникари со едно ПП возило и еден ренџер од Националниот парк „Шар Планина“. Според последните информции, пожарот бил локализиран,“, се вели во информацијата на ЦУК.
Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека имало вкупно 1 812 повика на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК во последното деноноќие, од коишто „реални“ повици биле 56,68%, а 43,32% биле за други потреби на граѓаните што не биле итни.
ЦУК апелира за внимателност заради најавените метеоролошки промени со дожд, ветер и снег на повисоките места.
Сите итни случаи се пријавуваат на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК, особено кога граѓаните имаат животозагрозувачки ситуации.