• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
среда, 7 јуни 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

Се одржа прво литургиско празнување на Свети Кирил Лешочки

25/03/2023
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Во манастирскиот храм Свети Атанасиј во тетовски Лешок денеска се одржа првото литургиско чествување по прогласувањето на Кирил Пејчиновиќ во светец Кирил Лешочки што се случи минатата 2022 година.

Светата Архиерејска литургија по повод првото литургиско чествување од канонизацијата на Свети Кирил Лешочки ја раководеше поглаварот на Македонската Православна Црква-Охридска Архиепископија, Архиепископот г.г Стефан во сослужение со повеќе митрополити и свештонослужители.

Архиепископот г.г Стефан во празничната беседа пред верниците посочи дека првиот помен ден за Свети Кирил Лешочки се правио во неговиот дом и вечното почиливалиште манастирскиот комплекс Свети Атанасиј и Света Богородица во Лешок.

-Чествувајќи го денес празникот посветен нему му благодариме на Бога што во денешниот славеник ни даде личност од нашиот род кој продолжувајќи го делото на неговите и нашите славни предци светителите и просветелите Кирил и Методиј и Климент и Наум, пред две столетија силно заблеска под македонското небо. Навистина во преподобниот Кирил монахот светогорски, игуменот на Марковиот и Лешочкиот манастир просветителот македонски и светителот сехристијански имаме прекрасен показател за  обилноста на даровите што Бог ги излива брз оние кои врват по патот на светоста, истакна г.г Стефан.

Понатаму тој порача дека живеењето богоугоден живот е право и должност за верниците.

– Постојано да го просиме неговото молитвено застапнништво кон живот едноставен, чесен, честит и чист, кон живот кој ги избегнува оковите на денешниот безрасуден протибожен и против човечки активизам, кон живот кој е свесен за потребите и маките на ближниот па се обидува да му ги олесни па се стремиме кон живот кој е достоен да се нарече човечки кон живот кој преподбникот Кирил ќе не препознае како свои вистински наследници и духовни истомисленици, рече поглаварот на МПЦ-ОА.

Со запазување на верата го чуваме и нашиот идентитет, истакна поглаварот.

-Од запазувањето на верата, зависи запазувањето на целокупниот наш народен, културен и јазичен вид. Преподобниот Кирил и со своите слова и со својот живот ни покажува дека со искрено и истрајно Богољубие со вистински христијански етос се преобразува целиот етнос. Неговите преродбенички напори од доменот на писменост извираат од севкупното предание на црквата и нивната цел секогаш е најзначајната средба, средбата со човекот на самата светлина на светот. Секогаш молитвено да му се обраќаме на светиот Кирил Тетоец, а неговите просветителски напори, да ги почитуваме, неговите поуки да ги препрочитуваме, неговиот светол христијански живот да го поддржаваме. Ако тоа го правиме ќе ја исполниме Свети Климентовата и негова порака да бидеме Христијани по животот и делата, а не само по името, рече г.г Стефан во беседата.

Светиот Архирејски Синод на МПЦ минатата година донесе одлука за прогласување на светец на Кирил Пејчиновиќ. На 15 и 16 октомври 2022 за време на канонизацијата 25 март беше определен како ден кога ќе се празнува светецот Кирил Лешочки. За новоканонизиранот светител е живописана икона и е напишано Житие, Акатист, Утрена и Вечерна Богослужба.

-Тој бил просветител, преродбеник, писател, исцелител. Првиот кој што низ цела Македонија ги прошетал сите цркви и манастири и ги собирал прашливите стари книги и ракописи и ги однел во Марковиот манастир каде создал импозантна бројка на книги, кои подоцна ги донел во Лешочкиот манастир и продолжил да ја збогатува таа библиотека,  изјави професорот Борис Момировски Лешанин кој 60 години го истражува и документира животот на Кирил Пејчиновиќ.

Кирил Пејчиновиќ е роден во Теарце во 1771 година, а почива во дворот од Лешочкиот манастирски комплекс.

ас

Поврзани објави

Инфо компас

Планирани прекини во напојување со електрична енергија на 7 јуни  

06/06/2023
Вести

Пуштен во употреба Ургентниот центар во Клиничка болница Тетово, министерот за здравство Меџити без одговор зошто тоа досега не се направило

06/06/2023
Вести

ЦГК : Недостигаат 340 пожарникари, а возилата што ги возат се просечно стари по 27 години

06/06/2023
Вести

СВР Тетово информира дека полицајците ќе вежбаат пукање, граѓаните да не се вознемируваат

05/06/2023
Вести

Изречени условни казни и ослободителна пресуда на обвинетите за кривичните дела поврзани со пожарот во модуларната болница во Тетово

05/06/2023
Вести

Се одржа трката за екстремно планинско трчање „Титов врв скајрејс“, поставен рекорд во женска конкуренција

05/06/2023
Следна објава

Активности на СВР Тетово за градење доверба кон локалната заедница 

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Don`t copy text!