• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
среда, 7 јуни 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

Завршни проби пред премиерата на комедијата „Вај-Фај“ на Драмското студио Тетово

03/05/2023
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Актерите од Драмското студио Тетово неделава ги прават последните проби за втората премиера за 2023 година – комедијата „Вај-Фај“, која ќе се изведе во вторник 9 мај во тетовскиот центар за култура „Иљо Антески Смок“.

Режисерот на претставата Мирко Видоески најавува дека комедијата ќе биде изведена на тетовски говор. Текстот е на српскиот драмски автор Мирољуб Недовиќ, а преводот на драмскиот текст, адаптација и режијата се на Видоески.

– Претставата е запознавање на сватови, два пара сопружници, чии деца се во Америка, каде што се венчале. Тука има социјална приказна, тие се сами без деца, кои се во странство, па претставата е комедија на ликови, карактери, ситуации и дијалози, вели режисерот.

Ликовите на Петре и Натка, шофер и домаќинка ги толкуваат Наташа Петровска и Лазар Саровски, додека на Санко и Јана кои се инженер и професорка ги изведуваат Драгана Радованов и Глигорије Стојановски. Соседот го глуми Игор Бачовски.

– Притиснати со својата борба за егзистенција, истовремено се грижиме за сопствените деца, кои својот дом го засноваат некаде далеку, во туѓиот свет во којшто заминуваат по некој подобар живот, а на постарите (родителите) им останува со нив да комуницираат преку интернет (Wi-Fi). Иако на прв поглед делува како урнебесна комедија, во текот на претставата провејуваат повеќе жанрови како драма и мелодрама со сатирични сегменти, вели режисерот.

Претставата во вторник ќе почне од 20 часот. Ова е втора премиера на Драмското студио Тетово откако на 11 март кога беше изведена монодрамата „Иконија, пардон матмазел Ика“.

ас

Поврзани објави

Инфо компас

Планирани прекини во напојување со електрична енергија на 7 јуни  

06/06/2023
Вести

Пуштен во употреба Ургентниот центар во Клиничка болница Тетово, министерот за здравство Меџити без одговор зошто тоа досега не се направило

06/06/2023
Вести

ЦГК : Недостигаат 340 пожарникари, а возилата што ги возат се просечно стари по 27 години

06/06/2023
Вести

СВР Тетово информира дека полицајците ќе вежбаат пукање, граѓаните да не се вознемируваат

05/06/2023
Вести

Изречени условни казни и ослободителна пресуда на обвинетите за кривичните дела поврзани со пожарот во модуларната болница во Тетово

05/06/2023
Вести

Се одржа трката за екстремно планинско трчање „Титов врв скајрејс“, поставен рекорд во женска конкуренција

05/06/2023
Следна објава

Тетовските полицајци ги едуцираат осмоодделенците за последиците од употреба на дрога, алкохол, цигари и превенција од трговија со луѓе

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Don`t copy text!