• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
четврток, 1 јуни 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

Се упокои игумен Теодосиј од Лешочкиот манастир

04/12/2022
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Тетовско-гостиварската епархија информира дека вчера почина, а денеска е погребан игумен Теодосиј од Лешочкиот манастир. По опелото тој е погребан во Лешочкиот манастир.

-На 3 декември 2022, во навечерието на празникот Воведение на Пресвета Богородица-Пречиста, се упокои игуменот на Лешочкиот манастир, Теодосиј. Со таговна радост и неодминливо воскресенско чувство во срцето го испративме во другиот, вечен живот. На опелото во Лешочкиот манастир чиноначалствуваше надлежниот митрополит Тетовско-гостиварски г. Јосиф, во сослужение на свештеници од епархијата, информираа од епахијата.

Игумен Теодосиј е роден во 1944  година во село Глоѓи  со родено име Димитрије Крстевски, од татко Маринко и мајка Цена.  Осумгодишно училиште завршил во с. Теарце, а потоа во 1960 година се запишува во Призренската Богословија, која ја напушта во 1962 година и своето образование го продолжува во Богословијата „Св. Климент Охридски“ во Скопје, во 1967 година.

Стапува во брак со Бора Јовановска на 27. 09. 1968 година. Ракоположен е во ѓаконски чин на 10. 08. 1969 година од страна на Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски и прв Митрополит Скопски г. г. Доситеј, во храмот „Св. Петка“ во с. Туденце, а на 14. 08. 1969 година е ракоположен за свештеник во храмот „Св. вмч. Димитриј“ во Скопје и поставен за парох во Вратничката парохија.

Во 1979 година е поставен за парох во Теаречката парохија и е назначен за старешина на Лешочкиот манастир. На 09. 07. 1987 година е произведен во протоерејски чин, а на 05. 01. 2001 година е одликуван со граден крст. На 27. 08. 2009 година е замонашен и го добива името Теодосиј, а на 15. 05. 2010 година поставен е за игумен на Лешочкиот манастир.

ас

Поврзани објави

Инфо компас

Леар Тетово, лидер во автомобилската индустрија, вработува: Оператори во производство

01/06/2023
Вести

Дваесетгодишен јубилеј на манифестацијата „Фолклорни средби Брвеница игра и пее“

01/06/2023
Вести

По втор пат означен почетокот на изградбата на автопатот Тетово-Гостивар, почнаа геомеханичките испитувања на почвата

01/06/2023
Вести

Кај Групчин две лица потешко повредени и тројца луѓе со телесни повреди по излетување на возило

01/06/2023
Инфо компас

Планирани прекини во напојување со електрична енергија на 1 јуни

01/06/2023
Вести

ЖФК Љуботен од Тетово првак во женското фудбалско првенство

31/05/2023
Следна објава

Повторно се појавија одрони на патот од Тетово до месноста Бањиче

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Don`t copy text!