• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
среда, 29 март 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

Сите цивили кои работеле во земји каде имало мировни мисии на НАТО по враќањето дома се соочуваат со здравствени и друг вид проблеми

24/11/2022
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Здружението на инвалиди од НАТО мировни мисии на Република Северна Македонија „Верба и надеж“  во Тетово одржа прва прес-конфренција со која сака во јавноста да ја претстави потребата oд законски измени и институционална поддршка на луѓето од оваа земја кои како цивили работеле во земји каде имало мировни мисии на НАТО а по враќањето дома се соочуваат со здравствени и друг вид проблеми.

Според нивните проценки во овие 20 години околу 13 илјади граѓани како цивили работеле во земји како Авганистан, Ирак, Џибути каде имало мировни мисии и сите имаат некакви проблеми па затоа формирале здружение кое се бори за поголема институционална поддршка.

-Поднесовме барање до Собранието за формирање на анкетна комисија која ќе ги регулира правата и статутот на поголема група граѓани, инвалиди од НАТО мировни мисии.Според нашите бројки, станува збор за околу 13.000 лица – инвалиди од НАТО мировни мисии, додека пак според државната статистика и проценки, бројката изнесува 989. Сметаме дека околу 2000 се во Тетово, 1000 во Скопје и над 10 000 во Куманово, изјави Катерина Георгиевска,  претседателката и основачка на здружението.

-Целта на анкетната комисија е изготвување и имплементирање на закон за инвалиди од НАТО мировни мисии, изготвување на регистар на НАТО дијагнози, формирање на лекарска комисија за утврдување на инвалидност на цивилни лица од НАТО мировните мисии, како и остварување на право на инвалидска пензија од НАТО дијагнози, рече Драган Цветковски, надворешен соработник.

Повратниците од мисиите уверуваат дека промените се потребни затоа што луѓето кои се вратиле од земјите каде имало војна се соочуваат со проблеми кои тука не постоеле.

-Бараме државата да се грижи за инвалидите и нивните семејства, институционално, да поголема здравствена заштита, едукација на лекари кои на пример никогаш немале вакви дијагнози, пред 4-5 години. Имаме мал број на психијатри за вакво нешто особено во Куманово. На овој проблем системски да му се придне и да се решава, истакна Цветковски.

Здружението преку психологот Гордана Нестора, ја изработи и публикацијата „Што е PTSD“ за пост трауматско стрес растројство која дава објаснување за оваа здравствена ситуација, за нејзините симптоми и начините на справување.

-Она што ние работиме е ресоцијализацијата на личностите, повратниците од мисиите. Поради симптоми како што се изолирање, напади, обиди за самоубиство, алкохолизам, употреба на дрога, за да се се анестезира личноста да не го доживува на таков начин, изјави Гордана Нестора.

Здружението е со седиште во Куманово каде има и канцеларија од 2019 за сите кои имаат потреба за лекарски евалуција и оставрување на социјални права.

ас

Поврзани објави

Вести

Санкционирани 14 возачи кои ги управувале возилата без да бидат врзани со сигурносни појаси

29/03/2023
Вести

Премиерот Ковачевски во посета на тетовска фирма за производство на јајца : Владата и компаниите мора да покажат единство за заштита на граѓаните

29/03/2023
Вести

Повредена малолетничка поради напад од бездомно куче

29/03/2023
Вести

Поставени табли за паркинг за лица со телесен инвалидитет, апел местата да не се узурпираат

28/03/2023
Вести

СВР Тетово: Вчера преземени 25 мерки за погрешно паркирање, а 19 возила биле подигнати од „пајак-службата“

28/03/2023
Вести

Полицајци затекнале додека се тепаат па привеле две млади лица

28/03/2023
Следна објава

Тетовските полицајци со предавања превентивно ќе делуваат во спречување на говор на омраза кај средношколците

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.