Соопштение на СВР Тетово за евидентирани настани.
Дваесет и петгодишниот И.И. од Скопје вчера (24 октомври) во 13 часот и 10 минути во СВР Тетово пријавил дека половина час пред тоа во тетовско Ратае физички бил нападнат од едно лице кое излегло од куќа во која требал да достави поштенска пратка. Се расчистува и документира случајот
Вчера (24 октомври) во 19 часот и 30 минути Ф.Б.(40) од тетовско Прељубиште во СВР Тетово пријавил дека околу 13 часот и 30 минути на улица „Маршал Тито“ во Тетово, пред продажен објект, физички бил нападнат од едно лице. Се расчистува и документира случајот.
Ноќеска (25 октомври) околу 3 часот, на улица „Илинденска“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го привеле 58-годишниот тетовец И.М. кој непосредно пред тоа го нарушил јавниот ред и мир. Задржан е во Полициската станица Тетово и по документирање на случајот ќе му биде изготвен поднесок.
Вчеравечер (25 октомври) околу 21 часот, во тетовско Радиовце, полициски службеници од СВР Тетово ги лишиле од слобода В.П.(34) и Н.Г.(42) од ова село. При преглед на патничко моторно возило „мерцедес“ со тетовски регистарски ознаки, во возилото биле пронајдени две ловечки пушки и 9 куршуми. За една од пушките, В.П. не ги поседувал потребните документи. Двајцата се задржани во полициска станица за расчистување и документирање на случајот, по што ќе следуваат соодветни поднесоци.
Триесет и седумгодишниот тетовец Г.С. вчеравечер (24 октомври) во 22 часот и 15 минути во СВР Тетово пријавил дека на две различни локации во Тетово попладнето околу 17 часот и 30 минути и подоцна, физички бил нападнат од четири лица кои ги познавал. Се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот.