Четириесет и тригодишниот Е.М. од Скопје, сопственик на приватна фирма, вчера (6 април) во 13 часот во СВР Тетово пријавил дека бил измамен од 60 годишен жител на тетовски Порој и други лица.
-Според пријавеното, скопјанецот со 60 годишникот потпишал договор за закуп на објект во тетовско, иако подоцна утврдил дека за објектот ги немало потребните документи и дека тој бил предмет на извршување, а Е.М. веќе ја внел целокупната опрема во објектот. Се расчистува и документира случајот, информира денеска СВР Тетово.