• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
среда, 7 јуни 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

Традиционално одбележување на Благовештение-Благоец во тетовски Јелошник

07/04/2023
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Традиционален начин на одбележување на Благовештение (Благоец)  денес имаше во шарпланинското село Јелошник. Празнувањето започнува со богослужба и осветување на вода и славските лебови во црквата Света Богородица.

Верниците потоа тргнуваат од пред селската црква и се упатуваат кон месноста Благовештение, на еден час одење пеш низ шумата каде се одржува главниот народен обичај на прославување на овој празник.

Во месноста постои и манастирска црква, изградена во карпа каде верниците палат свеќи за здравје, а се послужува леб, сол, кромид и вино, што ја претставува посебната традиција на одбележување.

-Традицијата е востановена така што на овој празник испосник, руски монах, кој престојувал во црквата од мештаните барал да му донесат само посно јадење, поточно леб, кромид и сол. Кога ќе мештаните ќе дошле до црквата монахот ги благословувал нив и јадењето. По кусата посета и закуска луѓето заминувале. Затоа е обичајот да се дојде до тука и да се јаде посна закуска, раскажуваат верниците од Јелошник.

На крај, сите што го поминале патот по враќањето во селото три пати ја обиколуваат црквата Света Богородица во Јелошник. Голем дел од куќите во Јелошник денешниот празник го честуваат како домашна слава.

По повод големиот православен празник Благовештение во соборниот  храм Свети Свети Кирил и Методиј митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф отслужи архирејска литургија

ас

 

Поврзани објави

Инфо компас

Планирани прекини во напојување со електрична енергија на 7 јуни  

06/06/2023
Вести

Пуштен во употреба Ургентниот центар во Клиничка болница Тетово, министерот за здравство Меџити без одговор зошто тоа досега не се направило

06/06/2023
Вести

ЦГК : Недостигаат 340 пожарникари, а возилата што ги возат се просечно стари по 27 години

06/06/2023
Вести

СВР Тетово информира дека полицајците ќе вежбаат пукање, граѓаните да не се вознемируваат

05/06/2023
Вести

Изречени условни казни и ослободителна пресуда на обвинетите за кривичните дела поврзани со пожарот во модуларната болница во Тетово

05/06/2023
Вести

Се одржа трката за екстремно планинско трчање „Титов врв скајрејс“, поставен рекорд во женска конкуренција

05/06/2023
Следна објава

Отворен Јутјуб-канал за видео содржини посветени на книгата „Македонци-милениумски сведоштва за идентитетското име“ од Бранислав Светозаревиќ-Покорни

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Don`t copy text!