Завршно обраќање на носителката на ИЕ6 од СДСМ и коалицијата Славјанка Петровска во рамки на кампањата за парламентарните избори.
„На осми мај во среда, пред вас граѓаните е едноставен избор, да изберете дали државата ќе продолжи во сојуз на демократските и напредни земји, или ќе се изолираме. Заокружете број 1 на парламентарните и претседателските избори, да одбереме напредок и светла иднина, за нашата Македонија“, рече Петровска.