„Свечен 11-то октомвриски портрет за 50 годишното творештво на писателот Јован Дамјановски“ е насловена книжевната вечер што се организира утре во Тетово, по повод полудеценискиот јубилеј на тетовскиот роднокраен автор. Настанот ќе се одржи во поранешниот Дом на АРМ сега Управна зграда на Музеј на тетовски крај со почеток во 19 часот.
Свечен 11-то октомвриски портрет за 50 годишното творештво на писателот Јован Дамјановски ќе биде комбинација на сценски и музички настапи. Првиот дел ќе биде посветен на биографијата на Дамјановски. Следува дел за неговата творечка активност и напишаните романи и раскази. Третиот дел е посветен на напишаните драми. За творештвото ќе зборуваат универзитетската професорка Марина Даниловска и Даријан Сотировски. Ќе бидат прикажани и видеоснимки со извадоци од драмите и пригодни обраќања. Во живо за присутните ќе биде изведени чинови од монодрамите „Иконија-пардон матмазел Ика“ и „Чај со рум“.