Соопштение СВР Тетово 2 мај 2024
На 01.05.2024 во 11.00 часот во СВР Тетово било пријавено дека на регионален пат Тетово – с.Јажинце, на влез за тетовско Теарце, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „фолксваген голф“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Ш.Џ.(74) од тетовско Шемшово и патничко возило „фолксваген олф“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од А.Р.(78) од тетовско Пршовце. Во несреќата, А.Р. се здобил со тешки телесни повреди, додека Ш.Џ. се здобил со телесни повреди констатирани во Клиничка болница Тетово. Увид на местото извршила екипа од СВР Тетово.
На 01.05.2024 во 20.30 часот во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода Р.Д.(49) од Тетово, постапувајќи по претходна пријава од неговата 42-годишна сопруга дека во семејниот дом физички ја нападнал и дека се обидел физички да ја нападне и нивната малолетна ќерка. Тој е задржан во полициска станица Тетово за понатамошна постапка и против него ќе следува соодветен поднесок.
На 01.05.2024 во 22.00 часот во СВР Тетово, Р.Х.(36) од Тетово пријавил дека од домот се оддалечила неговата ќерка А.Х.(15). Според пријавеното, таа заминала кај лицето М.И. и рекла дека нема да се врати дома. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.