• Импресум
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
  • Контакт
недела, 5 февруари 2023
Тетово Инфо
No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт
Тетово Инфо
No Result
View All Result

Home Вести

Свечена промоција на романот „Срна“ од тетовската писателка Славица Дабевска-Ќировска

16/12/2022
во Вести
Сподели на FacebookСподели на TwitterСподели на Whatsapp

Во тетовското музичко училиште вчера вечер се одржа свечена промоција на романот „Срна“ на авторката Славица Дабевска Кировска.  Промотори на романот „Срна“беа претседателот на Друштвото на писатели на Македонија, Христо Петрески и писателот Гоце Ристовски.

Писателот Гоце Ристовски зборуваше за содржината на романот и неговото значајно влијание за македонската литература но и за општествотото воопшто. Тој истакна дека да се пишува на македонски јазик и во 21 век значи треба се уште да се бориш.

-Во таа борба во 21 век значаен е придонесот на Славица со нејзините претходни дела. Од тој аспект оваа промоција е празник и за неа, и за Тетово и за македонската литература воопшто. Ова е роман кој се чита со леснотија и го привлекува читателот. Романот е рвеалистичен и прецизен па додека го читате како на филм визуелно поминува низ она што писателката ни го претставува. Станува збор за исклучителна моќ на запазување и воедно на меморирање на едно време на 60-ти и 70-ти години од минатиот век. Станува збор и за еден фасцинантен талент, една дарба, сето тоа да се преточи во збор, а зборот кај нас читателите создава прекрасна слика на она време за кое пишува авторката, истакна Ристовски.

Тој посочи дека ова дело е значајно како литература но и во етнолошка смисла.

-Бидејќи тука се опишани редици нешта што се случувале во она време не само во Тетово туку и во Македонија. Опишани се начинот на живот, однесувањата, патријархалното општество. Она што е особено интересно и значајно зачувани се многу сеќавања за кои младите и не знаат за некои работи како некои нешта се живееле и како се случувало со радост. Времиња на ентузијазам дека секој нов ден ќе биде подобар и подобар. Книгата е грамаден споменик за Тетово во она време, истакна Гоце Ристовски.

Во своето обраќање, претседателот на ДПМ, Христо Петревски потсети дека писателката Славица е членка на Друштвото од 2012 година. Рече дека авторката освен што има големо влијание во македонската литература е и извонредна личност.

-Славица Дабевска-Ќировска, твори и ги спојува прозата и поезијата, со афинитет за музика и сликарство, но воедно таа е еден изворенден човек со многу топлина, срдечност. Се топи од среќа што дојдовме овде. Романот „Срна“ за Вас ќе биде нов предизвик во позитивна смисла да го прочитате. Славица има толку многу награди и признанија добиени низ земјите од екс Југославија, учествува на многу конкурси каде има први, втори и трети места што е нешто многу тешко бидејќи таму учествуваат голем број автори а вие да победите на туѓ терен е ретко и тешко. Воедно се пишува под шифра и на друг јазик, како српскиот и слично.  Славица пишува поезија и проза. Својата поетска снага ја претстави на читателска публика на бројни настапи. Досегашниот поетски списокот на награди е долг.  Својата творечка енергија ја насочува во создавањето уметнички дела, па покрај пишувањето таа се искажува и во музиката и во сликањето.

Романот „Срна“ е продолжение на првиот роман на авторката насловен „Зелениот капут“. Авторката досега ги има објавено стихозбирките на современа поезија: „Булки покрај пругата“,„Венчаница“,„Душа која грее“,„Само ѕвездите знаат“.
ас

Поврзани објави

Вести

Сè уште се бара дефектот поради кој нема вода во тетовските села Фалише и Сараќино

04/02/2023
Вести

Четврта Бразилка ќе игра за ЖФК Љуботен

03/02/2023
Вести

Фалише трет ден без вода за пиење

03/02/2023
Вести

Дете е повредено поради каснување од бездомно куче

03/02/2023
Вести

Приведени за кражба и физички напади, повеќе пријави за неколку насилства

03/02/2023
Вести

Промената на регистарските таблички со ознаката НМК ќе ги чини граѓаните од 1400 до 1500 денари

03/02/2023
Следна објава

Тетово нема да има предновогодишно украсување, најава само за плоштадот

Следете не на социјалните мрежи

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

No Result
View All Result
  • Почетна
  • Вести
  • Теми и интервјуа
  • Колумни
  • Инфо компас
  • Контакт

© 2023 Тетово Инфо - Powered by Optimus Solutions.

Забрането е преземање на било каква содржина, без претходна дозвола на Тетово Инфо.